Двете државни институции имаат слични надлежности во развојот и одржувањето на ефикасна земјишна администрација, геодезија и катастар за одржлив развој и со потпишувањето на Меморандумот ќе се развие заедничката соработка како и размената на знаење и експертизата. Соработката меѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија во Истанбул, Република Турција ќе се реализира преку размена на искуства за катастарски информации, геодетски работи и за Националната инфраструктура за просторни податоци, обезбедување на курсеви и обуки како и трансфер на искуства за производство на ортофото, размена на некласифицирани геопросторни податоци и историска документација како и размена на искуства стекнати преку учество во различни меѓународни проекти.
Двете државни институции имаат слични надлежности во развојот и одржувањето на ефикасна земјишна администрација, геодезија и катастар за одржлив развој и со потпишувањето на Меморандумот ќе се развие заедничката соработка како и размената на знаење и експертизата.
Соработката меѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија во Истанбул, Република Турција ќе се реализира преку размена на искуства за катастарски информации, геодетски работи и за Националната инфраструктура за просторни податоци, обезбедување на курсеви и обуки како и трансфер на искуства за производство на ортофото, размена на некласифицирани геопросторни податоци и историска документација како и размена на искуства стекнати преку учество во различни меѓународни проекти.
Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и Давут Гунеј директор на Генералниот Директорат за земјишна регистрација и катастар на Турција.
Имајќи предвид дека соработката меѓу двете институции од областа на земјишната администрација, геодезијата и катастарот е од заемен интерес, истата ќе ги промовира пријателските односи меѓу двете земји, истакна во заедничкото соопштение двете институции.